Дабар 2016 заврши! Ви благодариме на учеството, како и на вашата поддршка при организацијата на овој натпревар во нашата држава.

На овој натпревар, учествуваа точно 18126 ученици од Република Македонија, со што нашата држава е меѓу оние со процентуално најголем број учесници на овој популарен меѓународен натпревар. Натпреварот го поддржаа 212 училишта, и 754 наставници.

Доколку сте земале учество во натпреварот (како наставник или ученик), информации за вашиот сертификат (и постигнатите резултати) можете да најдете тука. Повеќе информации можете да добиете кај вашиот наставник.

 

   Информација! Натпреварот е завршен, а системот е ажуриран и дозволува создавање на сертификати за сите учесници на натпреварот, преглед на сопствените резултати (за учениците), и преглед на постигнувањата на сите ученици од училиштето (за наставниците).

 

Статистика

На натпреварот учествуваа 18126 ученици од Република Македонија, од голем број основни и средни училишта во државата. Во продолжение, дадени се подетални информации за реализацијата на натпреварот во Република Македонија.

Основни училишта

Натпреварот се спроведе во 141 основно училиште во Република Македонија. На него можеа да учествуваат сите ученици од 3-то до 9-то одделение, користејќи ги компјутерите во нивните училишта.

Од десната страна е прикажан бројот на ученици по одделенија, поделени по пол (машки и женски).

* Листа на основни училишта кои учествуваа на натпреварот


 

Средни училишта

Натпреварот се спроведе во 71 средно училиште во Република Македонија. На него можеа да учествуваат сите ученици од 1-ва до 4-та година средно образование, користејќи ги компјутерите во нивните училишта.

* Листа на средни училишта кои учествуваа на натпреварот

 

 

Реализација на натпреварот


Натпреварот многу ми се допадна мене, но и на сите ученици. Посакувам организирање уште на многу вакви натпревари.

наставник во основно училиште

​Примете искрени честитки за организацијата на самиот натпревар. За прв пат учествуваме и навистина сме задоволни.

наставник од Прилеп

 


Други натпревари

Дополнително, Здружението на информатичари на Македонија сака да ги информира сите ученици и наставници дека постојат и неколку други натпревари кои се организираат во Македонија, а преку кои можете да бидете избрани и да ја претставувате нашата држава на меѓународни настани, и да патувате на балкански и интернационални натпревари по информатика, или на настани поврзани со Microsoft Office, во Дизниленд, Орландо, Флорида.

Повеќе информации можете да добиете на веб сајтот на ЗИМ: http://cs.org.mk/index.php/natprevari.